Видео: Браќа наместо да стареат стануваат деца – Бенџамин Батон во живо


Како во филмот “Необичниот случај на Бенџамин Батон”, двајца браќа патат од ретко генетско пореметување поради кое телесно стареат но ментално подетинуваат.

Дијагнозата на браќата Метју(39) и Мајкл(42) Кларк од Велика Британија, им ја псотавиле на почетокот на годинава – тоа им ги уништило браковите и за нив сега се грижат нивните родители.

Нив им е дијагностицирано ретко генетско пореметување – вид на леукодистрофија.

Двајцата се факултетски образовани и живееле нормален живот, Мајкл работел за Кралските воздушни сили, а Метју во фабрика и има 19 годишна ќерка Линда. Се било совршено додека еден ден внуката не се јавиле кај нивните родители Кристин и Ентони Кларк, дека мора итно да разговараат.

Кога отишле ги виделе своите синови како се караат како деца околу играчка. Тогаш дознале дека нивните семејства ги напуштиле и тие двајца веќе некое време живеат сами, но состојбата се влошувала од ден на ден.

според лекарите во април браќата биле на ниво на десетгодишници. Постојано се караат, галамат, се будат навечер,, изјавила нивната мајка која е загрижена дека ќе дојдат до степен кога нема да можат самите ни да се хранат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1