Никој не сака потстанари со бебиња, кучиња и труби


 

Иако во ова време од годината луѓето имаат проблем да најдат стан за изнајмување затоа што во изминатите месеци  студентите „изнајмиле се што е добро“, постои категорија на потстанари на кои ситуацијата им е уште потешка. Ако имате бебе, домашно милениче, гитара или труба, ќе ви потребна биде многу среќа за да пронајдете стан.

Заклучок од разговорот со станодавците и оние кои се обидуваат да изнајмат стан, е дека практично не постојат потстанари кои се добредојдени. Пушачите, самците, паровите, групите пријатели или студенти кои сакаат да живеат заедно, за некои сопственици на станови представуваат лоша идеја.

Причината за тоа лежи во предрасудите или во лошите искуства кои некои станодавци ги имале претходно, но тоа што со децении е веќе непишано правило е дека најнепожелната категорија потстанари се брачни парови со мали деца или оние кои се вселуваат со домашни миленици или музички инструменти.

– Кога луѓето од кои требаше да го изнамам станот дознаа дека имам бебе, со негодување ми рекоа дека тоа значи дека почесто ќе ја вклучувам машината за перење и дека тоа значително ја менува ситуацијата па не ни стигнав да им кажам дека имам куче. За среќа, брзо најдов одличен стан во центарот на градот, чии сопственици беа малку погостопримливи, но тоа е редок исклучок. – вели Лилјана Павловиќ.

Од гледна точка на оние кои го издаваат станбениот простор, нивниот пребирлив став е целосно оправдан.

– Пред неколку месеци го издадовме станот на еден гитарист. Иако не вежбаше за време  на пладневниот одмор, соседите толку ни се жалеа што на крајот моравме да го замолиме да бара друг стан. Поради ова искуство повеќе нема да ризикуваме со станари со слични навики, без разлика што нам лично музиката не ни пречи. – вели Дамјан Жикиќ, кој со години издава еднособен стан.

Најдобар потстанар – државна службеничка, непушач

Неплатени сметки, оштетен мебел и одбивање на потстанарите да го напуштат станот, се само некои од непријатните ситуации кои им се случувале на многу станодавци, па не е зачудувачки што кон потенцијалните потстанари се прилично недоверливи. Меѓутоа, како што ни кажаа во една  агенција за недвижности, постои категорија на потстанари кои се практично секогаш добродојдени – службенички во државни фирми кои се непушачи.

Share Button
Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1