(ВИДЕО) ЧУДО: Пронајден преживеан во пепелта на изгорената фабрика во Москва!


Во урнатините на текстилната фабрика, каде што избувна пожар, во источниот дел на Москва, во кој загинаа 12 луѓе, е пронајдено едно преживеано лице, изјави Јулија Иванова од истражниот комитет на Русија.Pozar

“Во дополнителната проверка на местото на несреќата, иследниците пронајдоа човек во една од собите”, рече Иванова, јавува руската новинска агенција ТАСС.

Преживеаниот веднаш го прегледаа лекарите, а потоа ќе биде испратен на испитување. Пожарот избувна во ноќта помеѓу саботата и неделата.

Околу 3.000 квадратни метри беа оштетени од пожарот, а делумно се урна и покривот. На местото на настанот беа пронајдени телата на 12 лица, вклучувајќи и едно дете.

Иванова претходно изјави дека е покрената кривичната постапка за намерно уништување на имот и смрт на лица во пожар.

Извор од безбедносните служби за ТАСС изјави дека, пожарот бил „подметнат„.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1