Кандидатката на Демократите за претседател на САД Хилари Клинтон гостуваше на Универзитетот Темпл во Филаделфија.
Кога се појави снимка од тој собил, многу на интернет прокоментираа дека очите на Хилари чудно се движат. Тоа наведе многумина да помислат дека се работи за вештачка интелигенција, односно дека таа е робот.
„Мислам дека Хилари е уствари робот“, напиша еден корисник на Твитер.
Шегите отидоа толку далеку што се смета дека дека Хилари е одамна мртва, но дека е заменета со робот.
Сепак, колку понекогаш да се забавни теориите на завера, Клинтон во последно време ја пратат бројни критики, затоа што се чини дека крие работи за својата здравствена состојба.
Во одредени видео снимки може да се види како очите и „шетаат“, а тоа наговестува на одреден здравствен проблем, пренесува Мирор.