Тим на страницата End Time Prophecies најави за денеска дека ќе биде крај на светот. Во снимката која се појави на Јутјуб сонцето станува црно и на Земјата паѓаат ѕвезди големи колку една смоква.Тие истакнуваат како денеска ќе се врати Исус Хрустос на Земјата и дека Земјените поови ќе се сменат.„Тоа ќе предизвика големи потреси. Светот ќе се сруши и никогаш нема да се опорави. Сонцето ќе стане црно, а месечината ќе биде крвава. Ѕвездите ќе паѓаат на земја, големи колку една смоква. Ветерот ќе ги откронува дрвјата, небото ќе исчезне, и секоја планина ќе се помести“, наведуваат во видеото.
Планините ќе се претворат во прав, а секој остров ќе потоне. Луѓето ќе се кријат во засолништа, но и тоа нема да им помогне, тврди овој тим. Од небото ќе паѓаат камња тешки и по 100 килограми, облаците ќе се спуштат на земјата и никој нема да може да се движи.
„Ќе се слушаат свирежи и ќе настане крај. Небото ќе гори. Верниците ќе ги сочуваат анѓели, а сите останати ќе исчезнат“, вели оваа група, повикувајќи се на некои делови од Библијата.Не е познато како овој тим дошол до податоците за крај на светот, кој треба да се случи денеска. Досега имаа неколку предвидувања.
Најавија крај на светот за 6 мај, кога требаше да не удри астероид, како и дека американскиот претседател Барак Обама, во јуни на светот ќе му открие дека е антихрист. Тоа не се случи.
Reporter.mk