Киера Ларсен (10) од Калифорнија го жртвуваше својот живот за да ги спаси своите две малечки пријателки, едногодишната Едисон и двегодишната Ема Џенкинс.
Таа скокнала пред возило кое од засега непознати причини тргнало од паркингот и почнало да се спушта по удолница.
Малечите сестри биле пред возилото, но Киера во последен момент успеала да ги турне за да не ги прегази возилото. Меѓутоа „мерцедесот“ забрзано се фвижел надолу и ја удрил Киера и и нанел тешки повреди.
Храброто девојче почина во болница. „Ги спаси животите на моите ќерки. Двете можеа да загинат ако таа не скокнеше и не се фрлеше буквално пред автомобилот. Го жртвуваше својот живот без размислување, раскажува мајката на двете спасени девојчиња, Алиса Џенкинс. Адисон и Ема во оваа несреќа се здобиле само со гребаници и по некоја модринка.
-Киера на моите ќерки им беше како постара сестра. Секогаш внимаваше на нив, ги чуваше и се грижеше за неа. Таа беше нивни ангел чувар. Не знам како да и се оддолжам неа и на нејзиното семејство, вели таткото на девојчињата Џонатан Гусич.
Полицијата истражува тако автомобилот сам се придвижил.