ВИДЕО: Девојче стана од мртовечкиот ковчег


Тригодишно девојче стана од мртовечкиот ковчег среде црква и службата која му претходеше на погребот.

Во моментот кога неутешните родители се простуваа од својата ќеркичка, таа повторно почна да дише, што предизвика паника во црквата, но таткото ја зеде в раце и ја однесе во болница.

dete1Несекојдневниот настан се случи во филипинското село Аурора и настанот е забележан со камера од мобилен телефон. Девојчето во саботата е прогласено за мртво откако поради треска и висока температура е примено во болница.

Во целиот случај се вклучи и полицијата и веднаш е покрената истрага. Лекарите се чудат и тврдат дека нивните коелги и медицинските сестри констатирале дека девојчето немало пулс и престанало да дише во саботата наутро во 9 часот.

Голема среќа е што девојчето не е закопано живо, а за тоа најзаслужен е еден сосед кој ја тргнал покривката од нејзиното лице.

Во тој момент видел дека детето се мрда и крена узбуна. Откако таткото ја зел во прегратка и дале малку вода и веднаш ја однеле во болница.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1