Ученичка од трета година Гимназија во Крушевац, пропадна под кулата во Сокоград, длабока шест местри, и се здоби со слршеници на рбетот и изгребаници на грбот, а на Јутјуб се појави и снимка од оваа несреќа.
Се се случи во саботата вечерта кога беше организирана акцијата „Ден на пешачењето во Сокобања“. Беше планирано да тогаш се обиколи кулата Сокоград, но девојката пропадна низ подот, и тоа на местото каде засега непознато лице, ја тргнала заштитната решетка, која поради потенцијалната опасност била поставена на тоа место, пренесува Вечерни новости.
Повредената девојка е префрлена во блиската болница, а потоа упатена во клиничкиот центар во Ниш за понатамошна дијагноза и лечење.