ИД ја објави најновата видео снимка во која најостро им се заканува на сите земји кои се борат против џихадистите, Македонија се најде на таа листа, затоа што се приклучила кон “ѓаволската коалиција“, која се бори против џихадистите на Блискиот исток.
Џихадистите во прв план ги ставија Соединетите Американски Држави и нејзините најблиски соработници, нив директно им се обраќаат во порака, но кога наведоа слики од “ѓаволската коалиција“ ги имаше Македонија, Србија, Грција, Хрватска и останатите европски земји!
– Америка, тврдиш дека имаш најсилна војска која светот некогаш ја има видено. Можеби имаш бројна и добро наоружана армија, но на твојте војници им недостасува одлучност и волја, сеуште се сеќаваат на болните порази во Авганистан и Ирак… Ти и твојте ѓаволски соработници само дојдете, ние го имаме најјакиот сојузник а тоа е Алах! – порачаа исламистите
Во “ѓаволската коалиција“ ги наведуваат БиХ, Хрватска, Израел, Грција, Словенија, Белгија…