ВИДЕО: Џип со 160 км на час влета во мотелска соба на бремена жена


Адријан Смит станал да оди до тоалетот, а во истиот момент џип влетал во собата од мотелот во која спиеле со неговата бремена девојка.

asdgsdg74asdg7asd97gИмале исклучително многу среќа да останат живи, со оглед на тоа што џипот се движел со брзина од 100 милји на час (160км/ч) кога влетал во нивната соба.
-Станав од креветот и само што влегов во тоалетот, џипот го проби ѕидот и застана баш на местото каде што минута претходно јас седев. Неверојатно, само слушнав јак удар и џипот беше тука, вели Адријан.
-Да не станеше во тој момент да оди во тоалетот, ќе завршеше под џипот, вели неговата девојка Рејчел Вотсон која е во осмиот месец на бременоста. За среќа ниту таа не е повредена иако паднала од креветот.
Ударот се случил во 11 часот утрината, кога Томас Валас (32) со огромна брзина поминал на црвено, удрил во два автомобили, ја изгубил контролата и завршил во мотелската соба. По инцидентот, тој пробал да избега, но бил фатен по само неколку поминати метри од полицијата.
Сител

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1