Амбасадорката на Египет во Кипар е снимена во моментот кога и удира силен шамар на полицајка на аеродромот Ларнака. Локалните власти признале дека до инцидентот дошло поради ,, лошите манири,, на полицајците.
На видеото се гледа како Menha Mahrous Bakhoum и удира шлаканица на полицајката, за која таа тврди дека ја навредувала и понижувала на аеродромот и покрај тоа што таа има дипломатски имунитет.
Амбасадорката била на аеродромот со ќеркаи а полицајката и наредила да ги соблече чизмите, амбасадорката сметајќи го тоа за провокација одбила, по што следела кавгата.
Амбасадорката доби извинување и од министерот за надворешни работи на Кипар Erato Kozakou Marcoullis.