Роан Торес и неговата мајка Џули останале во шок кога добиле писмо адресирано до нив, а напишано од нивниот татко и сопруг, кој починал пред осум години.
Само неколку дена пред втората година откако Џејмс Торес починал од ретка болест, сопругата Џули и неговиот 10 годишен син Роан добиле разгледница од него на која бил означен датумот пред смртта на Џејмс.
Тој праќал разгледници дома додека патувал поради работа, а една од нив никогаш не завршила на домашната адреса. Сега осум години по нејзиното испраќање, а две години по неговата смрт семејството добило разгледница.
– Поздрав од Пенсилванија. Ве сакам и многу ми недостасувате. Се гледаме за брзо време. Те сака тато – пишува во разгледницата.
Тие не знаат како разгледницата се појавила дури сега, но велат дека неизмерно ги израдувал овој необичен случај.