ВИДЕО Драма во Москва – врзан со експлозив влегол во банка и држи заложници


Еден вооружен човек зел заложници во „Ситибанк“ во центарот на Москва.sitibank-moskva.

Тој се заканува дека ќе ја разнесе банката во воздух. Се верува дека има околу 60 години. Околу вратот има кутија од која излегуваат жици, наведува ТАСС. Исто така, руската агенција пренесува дека тој напоменал дека неговата акција не е насочена против банката.

Наводно, засега пуштил три жени од банката, а моментално држи двајца заложници. Напаѓачот барал да разговара со полицијата.

Пред банката се наоѓаат полициски возила кои го блокираат сообраќајот. Полицијата ги спречува минувачите да ѝ се приближат на банката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1