ВИДЕО: Државниот секретар поднесе оставка на сред прес-конференција


Државниот секретар во хрватското министерство за демографија, Марин Стрмота си поднесе оставка од министерството за време на прес-конференција.

На прес-конференцијата беа претставени демографски мерки кои тој ги нарече несериозни и „голем фолклор“.

Стрмота оставката ја поднесе пред министерката Нада Мугарниќ, која неколку минути претходно ги претстави заклучоците од денешната седница за демографска ревитализација на Хрватска.

На новинарска констатација дека мерките кои Мурганиќ денеска ги презентираше, беа претставени уште пред три месеци, Стрмота одговори дека тоа е точно и дека се согласува со новинарите.

– Ова е еден голем фолклор. По година и четири месеци во владата, како демограф и млад човек, мислам дека ова не е доволно сериозно и затоа денес поднесувам оставка на местото државен секретар, рече Стрмота.

Тој оцени дека државата изумира и додаде дека ова е најлоша ситуација во историјата на Хрватска.

– Како млад човек, граѓанин на Хрватска, татко на две деца, сопруг на невработена сопруга, невработени родители, не врувам дека нешто ќе се реши со ваков пристап, изјави Стрмота заблагодарувајќи се на новинарите.

Министерката Мурганиќ изјави дека не знаела за оставката и оцени дека се работи за нестрпливостта на еден млад човек. Таа додаде дека статистиката не е поволно, но дека таквите движења не настанале за време на оваа влада.

Премиерот Пленковиќ денес ја водеше 4. седница за демографска ревитализација на Хрватска, на која што се разговараше за подготовките и спроведувањето на мерки за демографска ревитализација, пред се за зголемување на детскиот додаток и зголемување на достапноста на детски градинки низ Хрватска.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1