Шкотскиот полицаец Грег Трут, откако двапати го победи рак, реши да направи список на работи кои „морате да ги направите кога ќе преживеете“.
На неговиот список се наоѓаат вкупмо 101 работа која, според него, мора да ја направи секој оној што ќе преживеете некоја тешка болест.
Трит режи да ја искористи „втората шанса“ за да го пропатува светот и да ги исполни своите соништа.
Кога имал само седум години, првпат му бил дијагностициран рак, а по операцијата изгубил еден бубрег. По втората „средба“ со оваа болест, 34-годишниот Шкотланѓанец решил да го промени животот.
– По операцијата на цревата и хемотерапијата, сфатив дека смртта е најлошата работа. Не размислував за кариера на работа, ниту за мојот дом, туку само за местата кои ги посетив и искуствата што ги имав. Размислував и за местата кои ги немам посетено и можеби никогаш нема ни да ги посетам, изјави Грег.