Редок мутант на змија со две глави ги плаши посетителите во зоолошката во Москва.
Се родила пред 6 години и предвидувањата биле дека поради мутацијата нема да живее долго – но жива е 6 години, експертите сепак велат дека оваа змија во дивината не би преживеала. Во зоолошката за неа добро се грижат чуварите. Ја хранат два пати неделно што е дупло повеќе отколку овие рептили обично јадат.