Видео: Е ова ќе ве расплаче од нежност!


Дејвид Пог смислил прекрасен начин на својата драга да и приреди понуда за брак која засекогаш ќе остане во нејзините сеќавања.

За да ја побара за жена, идниот младоженец снимил краток филм за нивната љубовна приказна, Го пуштил во кино како изненадување и потоа ја побарал раката на жената во која бил вљубен.

Најпрво снимил краток филм кој раскажува за тоа како еден магичен ден ја запознал својата избраничка и како се засакале.

Одредено време ја одржувале својата врска на далечина и успеале да ги победат сомневањата на нивните пријатели и неговите три деца во врска со нивната љубов.

Затоа својата девојка Ники Дуган ја однел во кино, а претходно договорил прво да се пушти неговиот краток филм. Цело време ја снимал реакцијата на својата девојка која полека сфаќала дека на платното се одвива токму нивната љубовна приказна.

Кога филмот завршил тој и рекол:

– Никогаш не сум запознал душа која е толку несебична и убава, паметна и забавна како тебе и нема да те пуштам да ми се лизнеш низ прсти. Мојот сон е да бидам со тебе секој ден до крајот на животот“.

Потоа клекнал, ја побарал нејзината рака, а одговорот секако бил ДА!

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1