Осумдесет луѓе загинаа во експлозии во Универзитетот во Алепо во северниот дел од Сирија. Тоа го изјави гувернерот на Алепо, Мохамед Вахед Акад, јави ДПА. Во моментот на експлозијата во објектот студенти полагале испити.
Според болнички извори бројот на повредени е над 160.
Сириската телевизија за нападот ги обвини „терористите“.
Алепо е најголемиот град во северна Сирија и економски главен град на државата. Универзитетот се наоѓа во реон контролиран од режимот на Башар Асад.И покрај судирите, Универзитетот продолжи со работа во средината на октомври минатата година.