Македонската претставничка во шоуто „Твоето лице звучи познато“ Елена Ристеска вечерва настапи со питон на вратот пеејќи го популарниот хит на Бритни Спирс „Slave 4 you“.
Елена го воодушеви жирито кои и честитаа за храброста да танцува со питонот, кој пак се викал Мара и тежел 15 килограми.
Членот на жирито, актерот Бранко Ѓуриќ иако изгледаше преплашено сепак се осмели да го погали питонот.
Елена минатата недела на сцената настапи како Северина и изведе исто така опасна точка, зошто танцуваше врз запален автомобил.