ВИДЕO: Ердоган збеснал: Руските авиони повторно му уништиле конвој со нафта


Руските воздухопловни сили во изминатите девет дена погодиле речиси 1.500 цели ширум Сирија, соопшти денеска руската војска.Unistene-cisterne-Islamske-drzave-LiveLeak-650x387

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, на брифинг изјави дека руските авиони извеле 431 напад врз цели во неколку региони на Сирија, не прецизирајќи дали нападите се поврзани со групата Исламска држава, пренесоа француските медиуми.

Меѓу погодените цели се „команден пункт“ во регионот на Хомс, големо складиште за муниција во Хама, база на исламистите во  регионот Латакија, како и 40 големи камиони и цистерни што „превезувале нафта“ во близина на Алепо и Рака, соопшти руската војска.

Руските бомбардери сега летаат со придружба на авиони ловци, откако Турција минатата недела собори руски авион, наведуваат француските медиуми. Москва поради овој инцидент е во спор со Анкара и ги обвини турските официјални претставници дека учествуваат во шверц на нафта од територијата под контрола на ИД.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1