ВИДЕО: Еве како да заработите преку Јутјуб до 70.000 евра месечно


Креативниот дух, трудот и упорноста се рецептот за успех и заработка преку Јутјуб. Ова од искуство го тврди 25-годишната девојка Зое Сар од Брајтон, која е позната и како Зоела.

Таа е најновиот пример за успех преку Јутјуб, па овие дена се најде во центарот на британската јавност бидејќи откриено е дека оваа „влогерица“ (видео блог) заработува дури и 70.000 евра месечно.youtube

Младата девојка неодамна достигнла до 10 милиони следбеници на нејзиниот Youtube канал, а освен што добива пари преку прегледите на нејзините видеа, таа има потпишано и неколку спонзорски договори.

Таа каналот го создала во декември 2009 година, и од тогаш на камера воглавно зборува за модата и споделува разни совети за фризури, шминкање, облека и нокти – во просек објавува 5 видеа месечно.

Преку Јутјуб заработуваат многу луѓе во светот, а најмногу пари зема Швеѓанецот Феликс Кјелберг познат како PewDiePie, чијшто канал е посветен на видео игри, а има преку 40 милиони корисници (12 милиони годишно).

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1