ВИДЕО: Еве како изгледа астероидот што и се приближува на Земјата – доаѓа на 26 јануари


Астероидот „2004 BL86“ ќе помине покрај Земјата во периодот помеѓу 26-ти и 27-ми јануари на оддалеченост од 1, 2 милиони километри. Пречникот на овој астероид изнесува помеѓу 440 и 1000 метри, па затоа според научниците тој претставува потенцијална опасност.

asteroid

Блиските средби на нашата планета со овие тела во вселената се чести, но овој астероид го привлече вниманието на научниците поради големината и светлоста која ја создава. Во јануари биле забележени 41 астероид во близина на Земјата, но голем број од нив биле помали од 24 метри, што не претставува голем проблем.

Овој атсероид нема да може да го набљудувате со голо око, но со помош на обичен мал телескоп, а можеби дури и со некој подобар двоглед, ќе може да ја видите оваа единствена светлина на темното небо.

Светлината ќе се појави на небото во 4 часот наутро според Гринич, кога луѓето од Европа, Африка и поголемиот дел Американци ќе може да ја набљудуваат. Жителите на источна Азија и Австралија ќе ја забележат оваа појава о вселената неколку часа порано.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1