ВИДЕО еве како се апсеа бизнисмените: Приведени 9 лица во акцијата „Арсенал“


Министерството за внатрешни работи поднесе 9 кривични пријави за акцијата која утрово беше спроведена, а на која и е дадено името „Арсенал“.

Пријавените девет лица се од Скопје, Кочани, Струга и Пробиштип. Тие се на возраст од 51 до 67 години. Според информациите на МВР, кривичните дела се случиле во периодот од 2004 до 2009 година.apsenje policija33

Во акцијата се уапсени Нелко Менкиновски, Ванчо Деликатес со семејството и директорот на компанијата Сувенир Самоков од Македонски Брод.

Имено, според обвиненијата, лицата се товарат дека земале повеќе пари од потребното за сервисирање на хеликоптери на АРМ во Украина, со што ја оштетиле државната каса за 2, 77 милиони долари или 135 милиони денари.

„Лицата се товарат дека за сервисирање на хеликоптерите во Украина потрошиле повеќе пари отколку што било потребно. Инаку за нивното сервисирање, плаќале и за делови кои не биле потребни. Подоцна овој остаток од пари легнувале на сметки на фирми во и надвор од Македонија“, велат од МВР.

Лицата се товарат за злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на должноста, како и фалсификување и уништување на деловни книги.

Криминаната група ја формирале лица кои се во роднинска врска, а потоа кон истата се приклучил и екс началникот на секторот за логистика во Министерството за одбрана, кој ги склучувал договорите, како и директорот на Сувенир Самоков. Началникот постојано имал увид во целата ситуација и не преземал доволно активности за заштита на интересите на Министеството.

Од МВР додаваат дека уапсениот екс началник на секторот за логистика во Министерството за одбрана досега бил двапати пријавуван. Тој во случајот „Тенковски делови“ е осуден на казна затвор од две години, а потоа Апелација му ја намалила казната на условно.

Сите осомничени во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред Суд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1