МВР вчера приведе две лица од село Грчец на возраст од 39 и 50 години. Двете лица се приведени во рамките на акција „Мрежа“, насочена против уличните дилери и пресекување на меѓународни канали за недозволена трговија со дрога. Акцијата реализирана во село Грчец беше брза, прецизна и мина без никакви инциденти.
Од МВР соопштуваат дека приведеното 50 годишно лице беше под сомнение како организатор на дел од криминалните активности поврзани со нелегална трговија со наркотици изминативе година дена. Истиот според полициските евиденции има богато криминално досие и познат е како организатор и предводник на повеќе криминални групи.