ВИДЕО: Фосилизиран носорог пронајден во делчевско


Фосилни остатоци од носорог стари три до пет милиони години се пронејдени во масовната праисториска  гробница на животни во близина на селото Стамер.

fosili

 

На истиот локалитет пред седум години македонскиот палеонтолог Ристо Гаревски откопа череп од жирафа, што беше првиот откопан череп на жирафа на тлото на Европа. – Со откопувањето на коските од носорог во Делчевско ги завршуваме научните истражувања за оваа година. Во наредниот период се надеваме дека нашата институција ќе добие повеќе средства за работа, изјави Ивица Здравков од Природно-научниот музеј на Република Македонија.

Локацијата на праисториската гробница кај Стамер е откриена по заслуга на месниот жител Љубе Митевски, рударски инженер, вработен во Јавното комунално претпријатие „Брегалница“.

– Среќен сум што моите претпоставки за наоѓалиштето на фосилни остатоци од праисторискиот период во околината на село Стамер добија верификација од Природно-научниот музеј на Република Македонија, изјави Љубе Митевски.

Тој изрази благодарност и пофалби за професионалниот однос  на м-р Билјана Гаревска и на стручната екипа од Природно-научниот музеј за навремената реакција во откопувањето на фосилните остатоци од носорог.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1