На граничниот премин Деве Баир полицијата пронајде и заплени 13,5 килограми високо квалитетен хероин.
Околу 03.00 часот на влез во Македонија од Бугарија на Граничниот премин „Деве Баир“ – Крива Паланка, во патничко моторно возило „Волво“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лицето А.Ј.(54) од Тетово пронајдени биле 13,5 килограми хероин со висок квалитет и вредност повеќе од 1.000.000 евра на црниот пазар, соопшти портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Осомничениот е уапсен и ќе биде изведен пред Истражен судија во Куманово.
Хероинот бил спакуван во три специјално изработени фолии со цел да се избегне неговото пронаоѓање при ренген контролата , купен е во Турција и наменета од Македонија да се транспортира до западноевропските земји.
Уапсениот во 1999 година во Италија издржувал 5 години казна затворза шверц на 7 килограми хероин.