9 македонски компании во топ 100 во ЈИ Европа


Македонски компании се најдоа во ТОП 100-те на веб страницата SeeNews која врши рангирање на најголемите компании во Југоисточна Европа.

На 59. место се најде рафинеријата Окта која и минатата година беше единствената компанија од земјава на оваа листа.
Меѓу ТОП 100 банки за 2012 Македонија е присутна со три банки – Комерцијална банка на 56 место, Стопанска банка АД Скопје на 59, а НЛБ Тутунска на 64 место, на листата.
во топ 100 осигурителни компании се најдоа Триглав осигурување АД, кој е рангиран на 64 позиција, Еуролинк осигурување 83 и веднаш зад него Сава осигурување АД на 84 место, Кјуби е на 86, Осигурителна полиса на 98 место.

Лидерското место на листата е на ОМВ Петром СА од Романија, исто така и на банкарската листа банка од Романија е прва. Во делот на осигурувањето, на прво место е Заворовалница Триглав од Словенија.
на листата се рангирани следните земји – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Молдова, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија, годинава првпат е вклучено и истражување за Турција и Грција .

SeeNews е специјализиран портал, кој нуди информации во областа на бизнисот во ЈИЕ и годишно врши рангирање на најголемите компании во регионот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1