Видео/Фото: Ја исфрлиле од авион бидејќи не престанала да ја пее „I will always love you“


Пилот на американската авиокомпанија „Американ Ерлајнс“ бил принуден да направи итно слетување откако една патничка одбила да престане да ја пее мега популарната песна на починатата пејачка Витни Хјустон „I will always love you“.
drunk woman escorted off plane singing whitney houston bodyguard I will always love youСоло изведбата, како што јавува британскиот „Дејли мејл“, почнала кратко по полетувањето до аеродромот во Лос Анѓелес на пат кон Њујорк, а нејзиното „завивање“ наскоро станало неподносливо за останатите во авионот.
Поради ова пилотот бил принуден да смени курсот на среде од шестчасовниот лет и да направи непланирано слетување на аеродромот во Канзас Сити за жената да биде изнесена од леталото.
„Имаше федерален маршал на летот кој ја приведе жената и стави лисици и ја придружуваше надвор од летолото“, изјавил портпаролот на авиокомпанијата.
Иако е забрането фотографирање сепак некои од патниците успеале да снимат дел од атмосферата.
article-2323692-19C0E73B000005DC-172_634x390article-2323692-19C0E34F000005DC-736_634x420

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1