Facebook доби конкуренција


Минатата недела на интернет се појави нова социјална мрежа под името Unii.com чии корисници засега можат да бидат само студентите од британските универзитети.

nova socijalna mrezaСпоред британскиот весник „Метро“, најновата социјална мрежа би можела да стане сериозен конкурент на „Фејсбук“.

Авторите на Unii.com на своите идни корисници им гарантираат целосна приватност при користење на нивниот простор, што го сметаат како своја компаративна предност. Целта на оваа мрежа е студентите слободно со своите врсници да разговараат и да разменуваат мислења „без страв дека нивните родители ќе дознаат нешто во врска со тоа“.

Првиот човек на Unii.com Марко Нардоне истакнува дека оваа мрежа значи „дека се она што ќе се случува на универзитетот останува само таму“.

Во иднина може да се очекува дека сите заинтересирани ќе можат да ја користат оваа социјална мрежа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1