16 годишната Линда преку социјалната мрежа фејсбук го запознала 21 годишниот Џери. Чатувале многу кратко пред да се договорат да се видат.
Таа заминала кај него дома по што имале сексуални односи, а само 7 часа по првиот муабет на фејс во 21:39 девојката била мртва.
Вчера започна судењето за овој бизарен настан кој ја потресе јавноста во Америка. ,,убиецот од Фејсбук,, така го нарекуваат обвинетиот.
Според неговот сведочење откако имале сексуални односи почнала расправија, тој тврди дека додека сеуште биле голи таа му побарала да ја однесе кај нејзиниот дечко – што него го разбеснило.
Тој тврди дека тинејџерката бесна земала железен чекан и кујнски нож и го нападнала.
Почнала борба, и Џери вели тука изгубил контрола и не се сеќава како дошло до убиството.
Обдукцијата покажала дека девојката има 13 удари со чекан по главата, а потоа 9 пати била избодена со нож. Телото потоа со автомобил го однел во блиската шума во обид да го сокрие, но на крајот самиот се пријавил во полиција. му се заканува казна од15 години затвор.