Видео/Фото: Откриена тајната пештера на Масоните


Тајната пештера Zedekiah, е местото каде се одржува годишниот собир на масоните од светот. Се наоѓа 230 метри под стариот град на Ерусалим. Се тврди дека со децении оваа пештера е ,,свето,, место за Масоните.

на влезот на пештерата во која се одржуваат “масонски средби” навистина има голема железна табла со ознака “Сала на слободните ѕидари.” – како себе се нарекуваат масоните.
На таванот на пештерата може да се видат знаци на Масоните и хебрејска азбука. Ова докажува дека еднаш годишно тука во најголема тајност се собираат неколку стотици Масони од целиот свет.

она што е интересно е што оваа пештера е отворена за посетители преку целата година – освен во еден ден. Еден ден во годината нејзините врати се затворени за љубопитните туристи, бидејќи тоа е денот кога тука се масоните. За да се зачува тајноста, Масоните го менуваат датумот на собранието, и денот на нивниот состанок се менува од година во година.

Чуварот на пештерата, кој не сакаше да го открие идентитетот, потврди дека Масоните последен пат биле тука во средината на март. Тој тврди дека на средбата имало околу 200 Масони од целиот свет.

зошто Масоните имаат интерес токму за оваа пештера? Одговорот е во еден стар еврејски запис.

Во Новиот Завет се вели дека “цар Соломон првото свето еврејски место за молење го изградил со камен од оваа пештера. Се претпоставува дека пештерата, која се споменува во Новиот Завет, е токму оваа.

Се верува и дека еврејскиот цар со месеци се криел во оваа пештера на вавилонскиот цар Nabukadnezar.
Пештерата случајно ја открил американскиот археолог Џејмс Тарнер во 1854.

За време на периодот на Отоманската империја не било дозволено да се отвори пештера, па дури во 1967, по шестдневната војна, Израел ја отвори пештера за  посети.
Пештерата, чија површина е 9.000 квадратни метри, ширка е 100 метри. Висината се движи од четири до 15 метри, пренесува Анадолија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1