Американскиот претседател Барак Обама го именуваше денеска шефот на кабинетот Џек Лју за прв човек на трезорот.
Сенатот што е можно поскоро ќе ја потврди кандидатурата на 57-годишниот Лју.
Во меѓувреме медиумите се шегуваат на сметка на неговиот потпис кои наликува на шкрабаница. Велат дека и 2 годишно дете ќе може да го фалсификува овој потпис.
На сметка на потписот се пошегува и Обама велејќи дека кога го видел за малку ќе се пишманел за номинирањето, но Џек му ветил дека ќе го промени.
Еве што изјавил Обама за потписот а и како изгледа оваа чкрабаница на документи.