Видео/Фото: Стевчо Јакимовски слави со зурли – Не може нам нико ништа повторно запеана


Победата во Карпош Стевчо Јакимовски повторно ја прослави во својот изборен штаб со песната: „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“ Објавува Нова Македонија

Тој беше пречекан од голема група на поддржувачи и членови на изборниот штаб кои го запреа сообраќајот десеттина минути пред да стигне Јакимовски. Беше пречекан со овации и прегратки и бакнежи. По изјавата за медиумите тој се придружи на групата која ја пееше победничката песна.

Во еден момент се качи на маса и заедно со граѓаните продолжија со стари македонски рефрени.

„Ова е историска победа бидејќи граѓаните на Карпош го дадоа гласот за мене затоа што се задоволни од мојата работа во претходните четири години. Во ниту еден момент не се посомневав дека ќе победам затоа што сум сигурен дека жителите на општина Карпош стојат зад мене“, изјави Јакимовски од неговиот изборен штаб каде ја прогласи победата.

Повеќе Фото – Нова Македонија 

07042013212300_stevce 1[1]

47201392457_stevce 5[1]

47201392444_stevce 4[1]

47201392432_stevce 2[1]

Видео – Република

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1