Ова видео ја вознемири, но истовремено ја израдува светската јавност, на кое се гледа како мајка ги фрла своите деца од зграда за да им го спаси животот.
Мила Алексова ја снимала оваа снимка во село лоцирано во руската република Башкортосан.
На неа се гледа како мајката ги фрла 4-годишната Вања и 13-годишната Наталија од прозор, за да ги спаси од пожарот кој ја зафатил зградата. Под зградата се наоѓале соседите кои со помош на цврсто оптегнати чаршави ги спасиле девојчињата.
Мајката се онесвестила поради чадот, но пожарникарите за среќа успеале да ја спасат на време. Од опожарената зграда биле евакуирани 142 лица, а за среќа нема никакви жртви.