На 16 октомври 1992 година Иванка Шуќур во близина на својата зграда во Храсници кај Сараево го пронајде Елвис Салкановиќ. Тој денес ја вика мајка. Во тоа време имала три деца. Иако било војна и немале доволно храна, Иванка одлучила да го задржи Елвис и да му ја пружи целата нега која што ја давала и на нејзините деца.
„Јас верувам во Бога од кога знам за себе. Мојот маж почина на Игману во август во 1992 година. Него го загубив, но два месеци потоа го добив Елвис. Поминав покрај зградата во која претходно беше сместен Турист биро – каде потоа го најдов тоа дете. Кога наполнив вода падна граната. И потоа слушнав детскки плач.
Тој излезе од една просторија, дотрча до мене и ме фати за врат. Го земав со мене, а тој ме стисна толку силно, што дури во еден момент изгубив здив.
А тоа само кенкаше и плачеше. Се уплашило толку многу, што во наредните четири години ништо не зборуваше. Детето беше убаво, имаше репче и беше убаво облечен.
Во тој момент помислив дека залутал. Околу него немаше никого, па морав да го однесам дома. Детето го оставив со ќерката, а со синот излегов да ги побарам неговите родители.
Прашувавме бегалци кои беа сместени во близина, но сите ни одговорија дека не е нивно. Потоа појдов до полиција да пријавам дека го пронајдов детето и им ја дадов адресата, за секој случај мајката да не го побара.
Но кога се вратив дома, ќерката ми покажа писмо кое го пронашла кај него. Пишуваше дека мајка му умрела, а татко му побегнал и ги молат оние кои што ќе го пронајдат детето да го однесат во полиција. Му го пишувало името и дека е роден во Чаплијини на 9 јануари 1991 година.
Повторно отидов во полиција и им го предадов писмото. Следниот ден дојдоа социјалните работници и им реков дека сакам да го задржам детето.
Неодамна дознавме дека неговата мајка е жива. Но, тој мене ме вика мајка, моите ќерки ги нарекува сестри, додека мојот син го смета за негов брат. И моите деца го засакаа. Особено синот Горан кој многу работеше за да имаме за храна. И јас давав крв секоја недела за да добиеме пакетчиња храна од Црвениот крст.
Му беше тешко, особено во школо и со комшивските деца. Има и злобни луѓе . Не знам и самата како би се чувствувала да бев на негово место. Откако дознавме за неговата мајка дека е жива, му беше доста тешко. За неа ништо лошо не му говорев.
Му реков дека можеби го ооставила затоа што немала со што да го прехрани. Веројатно се помири со тоа.Комшиите ни помагаа со млеко брашно и облека. Главно основните потреби ни беа задоволени. Додека растеше имаше и проблеми, но и моите деца не се златни.
Има 18 години и оди во Средно графичко школо. Моите ќерки веќе се омажија, синот работи веројатно и тој ќе се венча наскоро.
Желба ми е да дочекам да заврши школо и да има свое семејство .
Додека сум жива ќе се грижам за него. Судбината ми го донесе.
Освен за Елвис, се грижам и за една бабичка во комшии, која има 88 години. Нема пензија, само зема помош од социјална нега. Кога готвам ручек готвам и за неа. Годинава ја добив наградата „Душко Кондор“. Сите мислат дека добив пари за нејзе, но не е така Сепак наградата ми е повредна од парите“, изјавила Иванка Шуќур за новинарите.