Еден од заложниците имал неверојатна среќа да го преживее нападот. Од куршумот го спасил мобилниот телефон.
Тој во моментот на нападот шетал на улица и разговарал на мобилниот телефон, кога се околу него експолодирало.
“Телефонот го прими куршумот и ме спаси. Да не се случеше тоа, мојата глава ќе беше разнесена на парчиња“, кажува Парижанецот кој имаше голема среќа да ја преживее оваа голема трагедија.
Ова е само уште едно сведоштво за хоророт во Париз во кој животот го загубија над 150 недолжни цивили, повеќето млади луѓе кои беа на концертот каде терористите ликвидираа над 100 луѓе.