ВИДЕО: Го сликал гласачкото ливче – заврши зад решетки


До отворањето на избирачките места утрово во 7 часот, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк. Најмногу пријави има на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид (по три), две на СВР Штип и по една на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки, шест од овие случаи не се потврдени, соопшти портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк, кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови. Во врска со вчерашното гласање регистриран е настан за фотографирање со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари, при што е приведено едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, посочи Андреевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1