Видео: Го застрелаа човекот во лице во метро поради неговото потекло


Кашим Латипов, триесетгодишен маж од Дагестан, бил застрелан во пределот на стомакот и лицето во метрото во Москва, а на интернет се појавило и видео од овој страшен настан.

rusija-metro-shot-01На снимката може да се види како еден од двајцата засега се уште неидентификувани напаѓачи, извадил пиштол и го застрелал Латипов, а потоа неколку пати го удрил и на крајот, со другиот вооружен напаѓач излегол од возот.

Безбедносната камера во метрото го снимила целиот настан кој предизвикал голема бура во руските медиуми и во јавноста, а московската полиција веднаш објавила снимки и фотографии од двајцата напаѓачи, се со цел тие да бидат идентификувани и уапсени, односно да одговараат за своето дело.

Латипов веднаш бил превезен во локалната болница каде што еден од куршумите му бил изваден од вилицата, а неколку пати бил и опериран. Од болницата соопштиле дека жртвата на овој расистички напад моментално се наоѓа во стабилна состојба.

rusija-metro-shot-02

rusija-metro-shot-03

rusija-metro-shot-01

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1