Градоначалникот на Танауан на Филипини, Антонио Кондо Халили денеска е убиен за време на церемонијата на кревање на знаме.
Се претпоставува дека Халили е погоден само од еден куршум додека заедно со над 100 службеници и новоизбрани лидери ја пееше националната химна на паркинг пред градското собрание, а потоа напаѓачот побегнал.
На интернет се објавени вознемирувачки снимки кои го покажуваат неговото убиство и паниката која потоа настана. Снимките го прикажуваат Халил со другите службеници, кои учествувале во церемонија на кревање на знаме пред градското собрание.
Халили е познат по тоа што ги принудуваше осомничените за продажба на дрога да шетаат низ улиците на градот.
Градоначалникот Халили беше обвинуван дека и тој е поврзан со дилерите на дрога.