Заев: Ќе пукнете од мака што ние го решивме името, а не вие


Ние добивме датум за преговори и ви доаѓа да пукнете од мака што ние го решивме името, а не вие, одговори премиерот Зоран Заев на обвинувањата на опозицијата дека власта ги продала државните интереси.

Ова Заев го кажа на седница на пратенички прашања, како одговор на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски.

-По 27 години го решивме проблемот со Грција за името. Со договорот го заштитивме македонскиот јазик, македонскиот народ. Вие кога бевте на власт се водевте само од правење математички поени за рејтингот и сакавте што подолго да се одржите на власт – му рече Заев на Јовановски кој рече дека договорот со Грција е предавство.

На тоа, Заев одговори:

-Вие најдовте да зборувате за неморални постапки. Во Струмица од мене земавте пари. Спиеше по коцкарници, беше срам за Струмица. Вие се повикувате на патриотизам. Вие што ја опљачкавте Македонија. Пет милијарди евра. Во препораката за добивање датум од ЕУ стои експлицитно, чисто и јасно дека мора да се расчисти со криминалот, а тоа се сите судски процеси што се за вашето бившо високото раководство ваше и вие најдовте да зборувате за патриотизам – рече Заев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1