(ВИДЕО) Гром удри на концерт – Повредени 51 лице


Најмалку 51 лице се повредни синоќа за време на удар на гром на концерт во рамки на рок­ фестивалот „Рок ам Ринг“, што се одржува на поранешниот аеродром во близина на германскиот град Мендиг, на околу 100 километри западно од Франкфурт.Screenshot_20

Повредените лица се здобиеле со изгореници од различен степен, а 15 од нив се наоѓаат во критична состојба.

Еден од повредените бил подложен на реанимација од страна на медицинските екипи уште на самото место на несреќата. Според Дојче Веле, на концерот присуствувале 45.000 луѓе.

Поради инцидентот, концертот бил прекинт, но продолжил по еден час. Во рамки на фестивалот, кој трае од 3 до 5 јуни, за вечерва е предвидено концерт да одржи групата „Ред Хот Чили Пејперс“.

За време на ланското издание на фестивалот „Рок ам Ринг“ при удар на два грома беа повредени 33 лица.

Делови на Германија, Франција и Австрија последниве денови се зафатени од невреме проследено со пројни дождови, што предизвика полави во повеќе реони на трите држави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1