Видео: Хаос на трибините – Тепачка меѓу навивачите на Мексико и Хрватска


Мексико ја елиминираше Хрватска од Мундијалот и се пласираше во осминафиналето, а на трибините дојде до конфликт помеѓу навивачите на двете репрезентации. За прв пат на Мундијалот во Бразил се случи инцидент на трибините.
hrvati-01Имено, во финишот од вчерашниот дуел меѓу Мексико и Хрватска дојде до физичка пресметка меѓу навивачите на двете репрезентации.
Тоа им предизвика главоболки на редарите кои мораа да се соочат со разгневените навивачи на Хрватска, но и со разбеснетите од радост поддржувачи на Мексико.
Тензијата кулминираше откако стана јасно дека за „Коцкастит’’, шампионатот завршува.
Како што пренесуваат повеќе тамошни медиуми, провоцирале и хрватските и мексиканските навивачи.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1