Откако демонстрантите на протестот на опозицијата вечерва во центарот на Подгорица се обидоа да влезат во парламентот на Црна Гора, полицијата возврати со шок-бомби и солзавец. Поради тоа масата се растури, а има и ранети, јавуваат локалните медиуми.
На плоштадот сега има само полициски џипови.
Претходно демонстрантите фрлаа петарди на зградата на црногорскиот парламент со извици „Нема повеќе да се чека!“ по што се појавија специјалните единици на полицијата. Танјуг јави дека околу 22 часот се слушале и истрели. Засега не познато кој пукал.
Многу демонстранти по жестоката акција на полицијата се разбегаа, а црногорската влада на својот Твитер-профил напиша дека демонстрантите брутално ја нападнале полицијата и дека демонстрантите се спречени и понатаму да ја напаѓаат полицијaта.