ВИДЕО: Хаос во Подгорица -Солзавец, шок бомби, демонстрантите се обидоа да влезат во парламентот


Откако демонстрантите на протестот на опозицијата вечерва во центарот на Подгорица се обидоа да влезат во парламентот на Црна Гора, полицијата возврати со шок-бомби и солзавец. Поради тоа масата се растури, а има и ранети, јавуваат локалните медиуми.suzavac-policija-podgorica-protesti-protiv-milo-dukanovic-crna-gora-foto-1445718055-769505-735x400

На плоштадот сега има само полициски џипови.

Претходно демонстрантите фрлаа петарди на зградата на црногорскиот парламент со извици „Нема повеќе да се чека!“ по што се појавија специјалните единици на полицијата. Танјуг јави дека околу 22 часот се слушале и истрели. Засега не познато кој пукал.

Многу демонстранти по жестоката акција на полицијата се разбегаа, а црногорската влада на својот Твитер-профил напиша дека демонстрантите брутално ја нападнале полицијата и дека демонстрантите се спречени и понатаму да ја напаѓаат полицијaта.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1