Гимназиската сала и ходниците на училиштето во малото населено место Сен лез Алп, на околу 10 километри од локацијата каде е пронајден урнатиот авион „Ербас 320“ во Франција се оспособени од локалните власти, за да можат да бидат донесени телата на загинатите, јави Си-Ен-Ен.
Над Сен лез Алп постојано прелетуваат хеликоптери кои го носат телата на жртвите. Во авионот на авиокомпанијата „Герман вингс“ имало 150 патници, односно 142 патници и 6 членови на екипажот. Шпанските власти соопштија дека група од 20 германски дечиња на училишна возраст патувале со урнатиот „Ербас А320“. Причинaтa за несреќата засега е непозната.