Термонуклеарната или хидрогенската бомба, каква што според тврдењата на Пјонгјаг денеска е тестирана на севернокорејска територија, е произведена по нуклеарните бомби, со кои САД ги бомбардираа јапонските градови Хирошима и Нагасаки кон крајот на Втората светска војна и таа има многу поголема разурнувачка моќ, јави ДПА.
Првата хидрогенска бомба беше тестирана од САД во ноември 1952 година и имаше моќност од десет мегатони, околи илјада пати повеќе од атомската бомба, фрлена над Хирошима седум години претходно.
За производство на таа бомба се користат два тешки изотопи на водород – деутериум и тритиум, при чија синтеза се добива хелиум и се ослободува огромно количество на енергија.
Конвенционалното нуклеарно оружје работи на друг принцип – одвојување, а не синтеза на атомските јадра, со цел да се добие моќна експлозија.
Хидрогенската бомба користи мала атомска бомба, која се заснова на распаѓање на атомски јадра, како детонартор, за да развие висока темпертатура, неопходна за почеток на многу помоќната неконтролирана реакција на термонуклеарна синтеза, која ја предизвикува главната експлозија.
Само една година по САД и некогашниот Советски сојуз изврши успешен тест на хидрогенска бомба. За нејзини татковци се сметаат советските академски физичари Игор Курчатов и Андреј Сахаров.
Во 1961 година Советскиот сојуз тестираше над арктичкиот остров Новаја земљаја хидрогенска бомба со моќност од 58 мегатони, најмоќната експлозија предизвикана од човекот досега, која стана позната како Цар-бомба.
Спуштена е со падобран од 10.500 метри височина од авион бомбардер Ту-95-Б, специјално конструиран за таа цела. Активирана е на четири илјади метри височина од површината на земјата. Огнената топка при експлозијата била со радиус од 4,6 километри, температурата во неа достигнала десет милиони степени, а дијаметарот на атомската печурка бил 95 километри.
Радиусот на целосното разурнување при таквата експлозија надминува 200 километри, на на десетици километри од епицентарот високата температура предизвикува изгореници од трет степен.
Поради нуклеарниот полигон, кој постои до денеса, островот Новаја земљаја е затворена територија, до која пристап имаат само руски војници. Обичниот човек досега не ги видел последиците од нуклеарните експлозии, спроведени таму.