ВИДЕО: Путиновите киборг глувци – Русија со ова специјално оружје ќе удри на ИД


Русија подготвува специјално оружје кое ќе удри на Исламската држава. Како што прнесуваат британските медиуми, покрај воздушните удари, на џихадистите тргнува и армија глувци.

Според пишувањето на „Дејли мејл“, руските научници од институтот во Ростов направија технолошко достигнување со природни сетила на глувци, па овие глодари ќе можат да намирисаат експлозив кој џихадистите би можеле да го носат.gluvci rusija

Животните ќе можат да ги предупредат своите сопственици на опасни и илегални материјали навремено, доколку во експериментот се покаже како се успешни. Но, се појавува една препрека, а тоа е фактот дека е потребен период од три месеци за да глушецот ги мине сите потребни тренинзи. Ова животно живее само година дена, така да експертите ќе мораат да ги обучуваат цели баталјони глувци.

Три тима работат на проектот за Лабораторија за неуротехнологија перцепција и препознавање во надеж дека развивањето на дополнителните неурони задолжени за слух кај глувците овозможува да нивните носеви станат уште почувствителни.

Микрочип, кој изгледа како перика за глувците, детектира физиолошка реакција на глодарот, пред да истиот воопшто реагира. Благодарение на посебни алгоритми, научниците собираат податоци за церебралната реакција на глувците на различни мириси.

Ова не е првпат да се користат глодари за слични работи, на пример за тоа се користени африкански глувци кои откривале мини во Ангола, Танзалија, Мозамбик, и Тајланд. Колумбија за тоа ги користи на аеродром, додека Израел преку глувците го контролираат багажот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1