Најмалку девет лица загинаа во несреќа на патнички авион во река во главниот град на Тајван Тајпеј, соопшти локалната телевизија.
Патнички авион на тајванската авиокомпанија „ТрансЕјша Ерлајнс“ со 58 патни и членови на екипаж принудно слета во река во Тајпеј, при што удри во мост, јави ДПА, повикувајќи се на државните медиуми.
Локалните медиуми објавија фотографии како полицијата и пожарникарите се обидуваат да ги спасат патниците од реката Цзилун.
Авионот добил мало оштетување кратко по полетувањето од аеродромот во Тајпеј за островот Кинмен. Во авионот имало 53 патници и петмина членови на екипаж, соопшти Централната информативна агенција.