Нереди по улиците на Сарајво. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Железничар и Марибор. Двајца се повредени. Словенците скандирале „Слободан Милошевиќ“.
Како што јавува порталот klix.ba, центарот на Сараeво личел на воена зона. Летале столици, пепелници, факели, шишиња и останати тврди предмети кои би ги повредиле противничките навивачи.
Судирот траел неколку минути, а потоа пристигнала босанската полиција и ја расчистила ситуацијата.