Видео: Апсењето на 9 те лица, меѓу кои и полицајци за убиството на Тушевски


МВР со официјално соопштение и видео снимка од апсењето на 9 те лица меѓу кои и полицајци, во врска со убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.

Постапувајќи по барање на Основното јавно обвинителство – Скопје, а  врз основа на наредба на надлежен Истражен судија, Министерството за внатрешни работи утринава обезбеди девет лица поради основано сомнение дека биле инволвирани во двократното убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. По уште шест лица за кои постои сомнение дека биле инволвирани во кривичното дело се уште се трага. Од петнаесеттемина за кои беше распишана судска наредба, четири лица се странски државјани, додека останатите се македонски. Деветмина од нив биле вработени или функционери во Министерството.

Согласно барањето на ОЈО и преземените мерки, тројца од осомничените се товарат дека се директни извршители на делото, додека останатите се товарат за помагање при извршување на кривично дело „Убиство“ по член 123 од КЗ на Р. Македонија.
Како што е познато, на 10.07.2001 година, во вечерните часови, при излегување од кафулето „ЗУ“ во населбата Капиштец со огнено оружје е пукано најпрвин во правец кон Марјан Тушевски кој со 11 огнострелни повреди е усмртен на лице место, а потоа е стрелано и кон Киро Јанев во моментот кога се обидувал да избега, така што истиот на оддалеченост од 100-тина метри е усмртен со еден проектил на самото место.

Дел од вработените во МВР се товарат дека знаеле и ги помагале сторителите на убиството од самиот почеток, додека останатите преку непостапување им овозможиле непречено да избегаат. Веднаш по приведувањето приведувањето осомничените се изведени пред Истражен судија

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1